Кој воопшто одлучил дека панталоните се неопходни? Тоа е прашање кое веќе со децении го мачи Пајо Паторот. Факт е дека пантолоните се прсутни неколку илјади години, но не се најудобна форма на облека. Кој тогаш прв ги измислил и зошто?
Во четвртиот век од новата ера, елитата во Рим била воодушевена од панталоните кои се носеле по улиците. Се сметало дека овој дел од облека е карактеристичен за варварите.
Во тоа време многу Готи и Хуни станале членови на римската војска, но нивната навика да се движат низ градот во панталони кај римјаните предизвикувала незадоволство. До 339 година, градот имал два закони кои забрануваат носење пантолони и чизми, и за тоа следувале казни.
Не изненадува ни фактот дека првите панталони во овој дел од светот дошле преку Хуните. Веројатно потекнувале од Далечниот исток.
Во 2014 година, археолозите откриле двајца мажи во средни години, погребани некаде помеѓу 3000 и 3300 година во западна Кина, облечени во најстарите познати панталони кои служеле за многу специфични намени.
Историчарите долго време ја поврзуваат модата на панталоните со ширењето на коњаницата, од Кореја и Рим до северноамериканските рамнини, а овие два мажи се совршен пример. За разлика од другите тела пронајдени во гробницата, тие биле пронајдени со дрвени коњи, делови од кожа и други предмети кои личат на “животот на седло”.
Дали се овие воопшто првите панталони? – Веројатно не се, но секако биле висока мода за оние кои во тоа време не јавале коњи.