Реплика на идниот град на Марс во пустината Мохаве

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал животот на Марс? Одговорот на ова прашање ќе ни го овозможи Вера Мулјани, основачот на „дизајнот за градот на Марс“, кој е наменет за развој на шематски планови за првиот самоодржлив град на Марс.

Групата на Мулјани покрена 30.382 долари на „Kickstarter“ за да изгради три 3Д печатени прототипови на живеалишта во градовите на Марс, во областа за тестирање во пустината Мохаве.

Одредени инженери, дизајнери и архитекти од целиот свет, ќе се соберат во една работилница во Универзитетот во Јужна Калифорнија во септември, за да ги испланираат возбудливите карактеристика на првите градови на Марс.

Мулјани вели дека нивниот проект е „макро на микро“ што значи дека тимот прво ќе истражува како градот ќе функционира како една целина, па потоа ќе го подели во индивидуални живеалишта. Тие се надеваат дека ќе започнат со база од 4 луѓе на Марс, за на крај бројката да се зголеми на 1.000.

На оваа работилница ќе присуствуваат Џим Ериксон – проектен менаџер на роверот на НАСА за истражување на Марс, Маду Тангавели – професор на „Факултетот за инженерство Витерби“, Баз Олдрин – пилот на Аполо 11, како и многу други.

danelion1

Од 25 записи, тимот за „дизајн на градот на Марс“ одбрал 3 финалисти со најдобрите прототипови за да бидат 3Д печатени.

Некои од дизајните вклучуваат „Невросинтеза“ („Neurosynthesis“): градска населба со затворен речен систем и вештачки водопад на Марс; „Проект глуварче“ („Project Dandelion“): автономно живеалиште кое користи реголит за да овозможи одржлив извор на кислород, вода енергија и исхрана; „Вертикални фарми“ („Vertical Farms“): одржливо земјоделство за да се ограничи потпирањето на спорадични снабдувања од Земјата, и „Инстант структура“ („Instant Structure“): технологија на ласерска експлозија за брзо да се создадат конструкции како моментално решение за природните катастрофи или војна.

Мулјани изјавува дека нивниот тим го гледа Марс како можност да се размислува на долгорочен план и да се планираат одржливи градови, нешто што не го направивме со Земјата.

Поддржете ја нашата работа: