Римски монети мистериозно се појавија во стар јапонски замок

Една поговорка вели дека историјата е напишна во каменот, но понекогаш историјата може да приреди и по некое изненадување. Таков пример е и неодамнешното откритие на четири бакарни монети на островот Окинава во Јапонија.

На монетите, кои се пронајдени во руините на замокот Катсурен, кој постоел од 12-тиот до 15-тиот век, се наоѓа ликот на римскиот император Константин I, кој владеел во почетокот на 4-тиот век.

Според „Japan Times“, ова е прв пат римски монети да бидат откриени на територијата на Јапонија.

Бидејќи не постоела трговска врска помеѓу Јапонија и Римското царство, археолозите не се сигурни како се нашле римски монети на островот Окинава.

Како што известува „CNN“една од главните теории е дека монетите дошле преку други трговски рути кои ја поврзувале Азија со западот, за време на средниот век, пред Јапонија да ја воведе политиката на затворени граници во 1641 година.

160927133219-02-ancient-roman-coins-super-169

На истата локација се пронајдени и кинески монети. Кина била чест трговски партнер на Окинава, а имала и маргинални трговски релации и со антички Рим. На кинеска почва се откриени многу римски монети, исто така.

Засега, откритието останува во голема мера мистерија, но археолозите се надеваат дека со натамошните анализи ќе дојдат до некои одговори.

Поддржете ја нашата работа: