Јапонија има намера да го испрати човекот на Месечината до 2030та година

Јапонската агенција за вселенски истражувања JAXA го најави амбициозниот план да го испрати човекот на Месечината до 2030та година.

Тоа би требало да му додаде интензитет на натпреварот за тоа кој ќе биде доминантна веле-сила во вселената, пишува Mirror.

Малку порано, исто така и Кина најави дека ќе го испрати човекот на Месечината, но до 2036та. Покрај тоа, Кина планира да испрати ровер на Месечината во текот на следната деценија.

Индија исто така планира да лансира уште една сонда на нашиот небесен сосед веќе следната година.

До сега, четири нации ја посетиле Месечината – САД, Русија (СССР), Кина и Индија, но само САД успеа таму да испрати човечки екипаж.

Предлогот на JAXA е објавен во скоп на Јапонското министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија, кое е задолжено за националната програма за истражување во вселената.

Со цел да се намали високата цена на лунарните мисии, портпаролот на JAXA, изјави дека најверојатно ќе мора да настапи со здружени сили со други држави.

Испраќањето на мултинационално летало значи и намалување на трошоците. Портпаролот изјавува дека додатните детали за мисијата ќе бидат познати пред планираниот Меѓународен форум за вселенски истражувања.

Јапонија најмногу се натпреварува со соседна Кина, која во последните години почна се повеќе да вложува во вселенски истражувања. Така во априлот, во орбитата го лансираше теретниот вселенски брод Tianzgou-1, прв од таков вид во историјата на Кина. Бродот е преместен од Земјата во орбитата со ракетниот носач Long March-7 Y2.

Втората кинеска вселенска лабораторија Tiangon-2 веќе орбитира околу Земјата. Токму со неа се спои и вселенскиот брод, кој и донесе гориво и други материјали.

Поддржете ја нашата работа: