Јапонската сонда Хајабуса-2 слета на астероидот Рјугу

После три и пол години пат и поминати над 280 милиони километри, јапонската вселенска сонда, Хајабуса-2, слета на астероидот Рјугу којшто гравитира во близина на сонцето, објави Јапонската агенција за вселенски истражувања.

Небесното тело има дијаметар од околу еден километар, а сондата во следните 18 месеци треба да земе материјали од неговата внатрешност и потоа да се врати на Земјата.

Астероидите коишто орбитираат околу Сонцето се вбројуваат меѓу најстарите објакти во нашиот сончев систем. Според научниците, тие би можеле да помогнат во објаснувањето за настанокот на Земјата, како и за почетоците на создавање на живот на нашата планета.

Поддржете ја нашата работа: