Јапонците детектираат рак за 3 минути

Јапонските научници развија нов метод на дијагонстицирање на рак во рана фаза, кој овозможува да се утврди присуството на малигни клетки преку само една капка крв и за само 3 минути.

Група на експерти од Универзитетската болница во соработка со компанијата „Showa MYTECH“, специјализирана за истражувања во областа на прецизни медицински тестови, го започнале развојот на овој метод уште во 2013 година. Тие изработиле посебна метална плоча и ја поставиле крвта на пациентот на неа, а потоа ја изложиле на ултравиолетови зраци. Поради уникатниот материјал на плочата, крвните клетки на пациентите заболени од рак започнале да светат. Тоа се должи на промените во нуклеозомот – еден од компонентите на молекулот на ДНК на кои болеста влијае. Кај здравите пациенти немало никаква реакција.

Научниците го тестирале овој метод кај 20 лица, и кај сите резултатот бил точен.

Клиничките испитувања се очекува да започнат во рок од една година, а во меѓувреме научниците треба да состават база на податоци кои соодветствуваат со различните видови на рак, за докторите кои ќе го користат овој нов метод да можат да разликуваат за каков вид на малиген тумор се работи.

Истражувањето е објавено во јапонското списание „Kobe Shimbun”.

Поддржете ја нашата работа: