Јапонците дизајнираат невидлив воз

За да ја одбележат 100-годишнината од своето постоење, јапонските железници „Seibu Railway Co.“ најавија дека ќе дизајнираат невидлив воз.

Се очекува возот, кој е наречен „Red Arrow“ да биде готов во 2018 година, да има 8 вагони и да покрива површина од 178 метри низ Јапонија.

Возот всушност нема да биде целосно невидлив, туку супер рефлектирачки, што ќе му овозможи да се спои со околината. Можеби највозбудливиот дел е тоа што овој дизајн ќе може да се примени и на веќе постоечките возови.

Не се откриени детали за дизајнот, но според списанието „Dezeen“, надворешноста на возот ќе биде заменета со полу-проѕирни панели како огледала, и формата ќе биде изменета така што ќе наликува на сребрен куршум.

https://www.youtube.com/watch?v=o0b4pBGWw1Q

Поддржете ја нашата работа: