Далечните месечини, астероидите и другите мистериозни објекти што лебдат во вселената позади Плутон, допрва ќе треба да се истражуваат. Не може точно да се каже што би можело да се открие таму, но кога се работи за живот на други места освен Земјата работите се уште посложени.
Неодамна, за време на „live TED Talk“ во Њујорк, планетарниот научник од НАСА Џим Грин опиша четири места во нашиот Сончев систем каде постои веројатност да се најде живот.
Погледнете кои се тие и откријте зошто се тоа највозбудливите места за потрага по вонземен живот во Сончевиот систем.
11 Марс
Некои научници сметаат дека црвената планета можеби била во состојба да поддржува живот, бидејќи некогаш имала океани кои покривале 19% од нејзината површина. Но пред милиони години, сончев ветер ја збришал атмосферата на Марс. Океаните пресушиле, а планетата била бомбардирана од космичката радијација.
Но, се покажа дека на Марс сѐ уште има течна вода во близина на нејзината површина која повремено избива преку кората. На Земјата, секаде каде што се наоѓа вода, се наоѓа и живот. Затоа некои научници сметаат дека во и под прашината на Марс можеби се крие микробиолошки живот.
22 Енцелад
Енцелад (месечина), која орбитира околу Сатурн е уште еден интересен свет за планетарните научници. Под ледената кора на Енцелад се наоѓа огромен потповршински океан.
Постојат докази дека овие океани имаат хидротермални одводи. Ова е многу значајно, бидејќи хидротермалните одводи во океаните на Земјата се место за живот на цели екосистеми.
Океаните на Енцелад се затворени во слој од мраз, но во близина на јужниот пол гејзерите се пробиваат низ површината и редовно исфрлаат вода надвор.
НАСА неколку пати има испратено летала за да соберат примероци од водата на оваа месечина. Досега е откриено присуство на натриум и органски молекули. Податоците од последните летови би можеле да им помогнат на научниците да откријат колку се активни овие хидротермални одводи.
33 Титан
Титан е уште една од месечините на Сатурн. Иако се нарекува месечина,Титан е скоро колку Марс по величина. Но, Титан не е интересен за научниците само поради величината, туку и поради фактот што на неговата површина се наоѓаат огромни езера од течен метан.
Тоа е единственото место во Снчевиот систем, покрај Земјата, кое има течност на површината. Научниците мислат дека некои форми на живот можат да се адаптираат и да живеат во средина од метан.
44 Европа
Европа, една од месечините на Јупитер има два пати повеќе вода од Земјата. На оваа месечина исто така има подповршински океан и гејзери. На делови од ледената кора на месечината се наоѓаат големи пукнатини и расцепи, по што и се наречени „хаотични региони“. Научниците сметаат дека овие пукнатини се формират кога бранови од топла вода од океаните се подигаат до површината каде што формираат езера од течна вода во ледената кора. Со време, мразот над езерата пука и тоне и ги создава овие хаотични региони. Ако топлата вода од океаните ги создава овие пукнатини, тогаш е можно и Европа, исто така да има хидротермални одводи погодни за живот.
НАСА сега планира мисија каде за прв пат ќе биде спуштена сонда на површината на Европа (Europa Multi-Flyby Mission). Ваква сонда може да помогне да се дознае составот на ледената кора на Европа и можеби да открие дали нешто плива под површината.
НАСА планира да ги истражи сите овие четири светови. Можно е текот на следните 10 години да откриеме дали има живот на друго место, покрај Земјата, во нашиот Сончев систем –вели Грин.