Кафе со вкус на брокула ве молам!

Во Австралија се појави нов вид на кафе – кафе со брокула.

Имено, производителите направиле прав од овој зеленчук кој може да се додаде во кафе, а неколку локали во Мелбурн веќе го ставија производот во понуда.

Вкусот на брокула не на секому му е особено драг, на некои луѓе ни им се допаѓа нејзиниот изглед, па не сакаат да ја јадат. Токму поради тоа, многу зеленчук завршува во отпад, а брокулата претворена во прав може да го спречи континуитетот од фрлање на храна.

Бидејќи брокулата е богата со хранливи состојки како што се витамин Б, магнезиум, калиум и цинк, овој прав би требало да има поволно влијание врз здравјето на човекот.

Многу истражувања покажале дека брокулата е од голема важност при превенција и лечење на разни видови карцином. Се користи за снижување на холестерол, штити од срцеви заболувања, го регулира крвниот притисок и варењето.

Експертите велат дека брокулата во прав може да се користи и на други начини, во чај, смути, како додаток во супа и слично.

Иако кафето со брокули не звучи баш примамливо, оние кои пробале велат дека зеленчукот воопшто не се чувствува. Обично го додаваат во топло макијато.

enauka.mk
9,248наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.