Како да му го спасите животот на вашето милениче доколку ги воочите овие 11 симптоми?

Ние одвоивме неколку од симптомите кои мора да ги приметите доколку имате куче. Ако се појават, право на ветеринар!

1. Повраќање

1Не грижете се доколку вашето куче повремено повраќа. Кучињата знаат да изедат трева и потоа да ја повратат, чистејќи го телото на овој начин. Но, доколку тоа го прави неколку пати во текот на денот, тоа не е нормално и треба да се лекува, особено доколку манифестира и други симптоми во исто време.

2. Нервоза

2Доколку вашето куче се тресе и немирно лута наоколу, тоа никако не може да биде добар знак. Веднаш консултирајте се со ветеринар.

3. Црвени очи

3Доколку очите на вашиот миленик се црвени, тоа е знак на воспаление или инфекција, кои во некои случаи можат да доведат до слепило.

4. Отежнато дишење

4Срцевите или белодробните болести можат да предизвикаат инфекции или проблеми со дишењето. Поради прекин на снабдување на организмот со кислород, може да доведе до оштетување на органите.

5. Проблеми со мокрење

5Во ваков случај може да се работи за камен на бубрези. Промената на бојата на урината е сериозен знак дека на вашиот миленик не му е добро.

6. Надуеност

6Невообичаено надуениот стомак, може да биде последица на внатрешно крварење или хормонална нерамнотежа. Поради настанатиот притисок на белите дробови, може да доведе до отежнато дишење.

7. Замор и слабост

7Двата симптоми треба да се сфатат сериозно. Рак, бубрези или заболување на панкреасот можат да бидат причината.

8. Кашлица

8Упорната кашлица може да значи дека дошло до појава на бронхитис.

9. Проблеми со столицата

9Пролив или крв во столицата се сигурни знаци дека нешто не е во ред. Посебно кај малите кучиња.

10. Треска

10Исто како и кај луѓето, треската покажува дека телото се бори против некоја инфекција.

11. Слабеење

11

Необјаснивиот губиток на тежината може да има неколку причини, како што е пореметување на метаболизмот или состојбата на срцето. Малите варијации во тежината се сосема нормални, но доколку се поголеми од 10%, треба да се отиде на ветеринар.

Слушнете го говорот на телото на вашиот миленик додека не биде премногу доцна.

 

Поддржете ја нашата работа: