Како функционира системот за комуникација на Стивен Хокинг?

Стивен Хокинг е британски космолог и физичар, најпознат по неговите значајни научни трудови во врска со теоретските предвидувања на радијацијата од црните дупки (Хокингова радијација), Пенроуз-Хокинг теоремите, општата теорија на релативноста и квантната механика. Тој е автор на популарниот бестселер „Кратка историја на времето“ (анг. A Brief History of Time) кој зборува за Биг Бенг и црните дупки.

Покрај овие достигнувања, тој е познат и по својата болест – амиотрофична латерална склероза. Оваа болест во некои земји е позната како болест на моторните неврони, бидејќи предизвикува смрт на невроните во мозокот што резултира со грчење на мускулите што постепено се влошува и доведува до потешкотии при голтањето, зборувањето и на крајот дишењето.

Хокинг не може да зборува па затоа користи неколку уреди за да може да комуницира со луѓето и да држи предавања и да ја пренесува својата брилијатност преку зборови. Сигурно сте го виделе на фотографии и снимки како седи во инвалидска количка со различни машини прикачени за него. Да погледнеме за какви машини станува збор.

Уред за говор

Уредот кој Хокинг го користи за комуникација е наречен уред за генерирање на говорот. Ова е посебен уред кој помага или целосно го заменува говорот или писмото за луѓето кои не можат да комуницираат нормално.

Хокинг го користи овој компјутерски комуникациски систем направен од корпорацијата „Интел“ уште од 1997 година. Целосниот систем се заменува на секои две години за да се усогласи со постепеното губење на контролата на неговите мускули.

Всушност, самиот Хокинг има напишано мал текст со наслов „Компјутерот“ каде што накратко зборува за алатките кои му помагаат да комуницира. Текстот може да го прегледате на следниот линк.

Системот за комуникација на Хокинг има три главни компоненти.

1. Внес на информации

10_interesting_facts_about_stephen_hawkingПрвата компонента е внесот на информации, па бидејќи тој самиот не може да пишува или да притиска копчиња потребен му е различен пософистициран начин за да ги внесува информациите во компјутерот.

Тоа се постигнува со инфраред прекинувач кој е прикачен за неговите очила и го бележи и најмалото движење или грчење на неговите образи. Кога неговата состојба била подобра, тој можел да притиска копче за кликање со помош на неговиот палец, но со текот на времето ја изгубил контролата и на тие мускули.

2. Интерфејс

Stephen_Hawking_in_CambridgeВтората компонента вклучува формирање на зборови со помош на информациите од прекинувачот. Овој интерфејс е програма наречена „ EZ Keys“, развиена од страна на „Words Plus Inc“ која овозможува софтверска тастатура која е прикажана на таблет и прикачена на едната рачка од инвалидската количка, која се напојува од батериите на количката.

Софтверот придвижува курсор (стрелка-покажувач) на тастатурата кој автоматски се движи низ редови или колони. Кога ќе дојде до посакуваниот збор, Хокинг може да го запре со движење на образот. На овој начин се селектираат букви за да се формираат зборови и реченици. Оваа програма исто така му овозможува да го движи курсорот и на компјутерот што го користи.

За да се олесни пишувањето, софтверот исто така има и функција за авто-комплетирање на зборовите (како што има и на телефоните), што го предвидува зборот без да мора целосно да го напише.

3. Излез на информации – Глас

stephen-hawkings-machineПоследниот и веројатно најлесниот дел е изговарањето на реченицата на глас. За ова, Хокинг користи синтетизатор на говор, развиен од страна на „Speech+“ кој ја изговара реченицата откако ќе биде одобрена или завршена. Покрај тоа, има и акцент, кој е различно опишуван како американски, шкотски или скандинавски.

Оваа машина не само што му овозможува на Хокинг да збори, туку и да извршува и многу други работи, како на пример да ја проверува својата електронска пошта, да пребарува на интернет, да прави забелешки и да го користи „Skype“ за да разговара со пријателите.

Корпорацијата „Интел“ има посветен тим на инженери кои постојано работат на подобрување на неговиот систем за комуникација.

Хокинг во моментов може да држи предавања и да комуницира со луѓето користејќи го овој систем без поголеми потешкотии, иако неговото здравје е постојано во опаѓање.

Поддржете ја нашата работа: