Како изгледа молња во забавена снимка?

Ова извонредно видео е уште една демонстрација на моќта на природата. Снимката е направена на 20 мај од физичарот Нингуа Лиу од Институтот за технологија во Флорида.

Снимена е молња со преку 7.000 слики во секунда, што  значи дека е доволно споро за да може да се забележи секој величествен детаљ.

Молњата во основа претставува моќен ненадеен тек на електрична искра (електростатично празнење), придружено со татнеж или гром, што се случува за време на бура. Празнењето се движи низ електрично наелектризирани области во самите облаци, или од еден облак до друг, или меѓу облак и површината на земјата. Наелектризираните области во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења, често нарекувани и удар од гром. Постојат три основни видови на молњи: во самиот облак, од облак до облак и помеѓу облак и земја.

Ваква молња како што е прикажана на видеото може да произведе температура до 5 пати поголема од температурата на површината на Сонцето. Па, добрата вест е дека шансите за да не погоди се една наспрема 12 илјади, а научниците секојдневно се се’ подобри во нивното предвидување.

Поддржете ја нашата работа: