Куќа од картони која се гради за 1 ден, а трае 100 години

Архитектите развија прилагодлива куќа од картони која може да се изгради за само еден ден, а може да трае дури до 100 години.

Куќата е наречена „Wikkelhouse“ од холандскиот збор „wikkel“ што значи обвивка токму поради нејзиниот начин на изработка – 24 слоеви на картони со висок квалитет се завиткуваат и се лепат околу калап во облик на куќа и потоа се обвиткуваат со водоотпорен слој и дрвени панели. Внатрешноста и надворешноста се прилагодливи, со тоа што може да се додаваат структури по желба, од што зависи и цената.

Можеме да кажеме дека терминот картонска кутија штотуку доби уште едно ново значење.

wikkel.0wikkelhouse_240416_01awikkelhouse_240416_07

https://vimeo.com/156852806

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.