Како изгледа најбрзиот велосипед на светот

Запознајте го најбрзиот велосипед на светот. Велосипедот „ЕТА“ е изработен од инжeнерите од „Aerovelo“ и успеал да постигне брзина од 144,17 км / ч.

Рекордот е постигнат на годинешниот „World Human-Powered Speed Challenge“ одржан во пустината Невада и за речиси  4,8  км / ч  го надминува минатогодишниот рекорд што го постави истиот тим.

Рамката и школката се изработени од јаглеродни влакна, што го прави велосипедот лесен и цврст. Возачот е поставен назад, во полулежечка положба, што му овозможува на велосипедот да има високо аеродинамична форма. Возачот го гледа патот преку два видео монитори поставени во внатрешноста на возилото. На мониторите се прикажуваат и другите податоци, како брзината што му овозожува на возачот перфектно да го темпира времето кога треба да направи завршниот спринт.

Иако вештината и подготвеноста на возачот се од суштинска важност за постигнување на вакви брзини, факторите како што се минимизирање на триењето и отпорот на воздухот, се исто така од клучно значење. ЕТА велосипедот е направен со многу ниско тежиште и рачно изработени гуми, а тежи само 25 кг. Тркалата се oддалечени само 4 мм од школката на велосипед и достигнуваат до 1.200 вртежи во минута при максмална брзина.

Погледнете ги видеата за нештата да ви станат појасни.

Поддржете ја нашата работа: