Како изгледа најнаселениот остров на светот?

На само два часа југозападно од Картагена, Колумбија, на кристалните води на Карибите лежи најмалиот остров во архипелагот Сан Бернардо – островот Санта Круз (Santa Cruz del Islote).

1Иако неговата површина зафаќа помалку од еден квадратен километар (0,012 километри квадратни), овој остров е дом на повеќе од 1.200 луѓе.

3Колку за споредба овој остров е четири пати погусто населен од Менхетен.

Локалните жители велат дека островот е откриен пред околу 150 години од страна на залутани рибари од Бару, на брегот на Колумбија кои забележале дека на островот нема комарци (што е реткост на Карибите) и поставиле камп. Според легендата, таа ноќ рибарите спиеле толку мирно што решиле да останат.

Денеска, нивните потомци се сместени во 90 куќи, а имаат и две продавници, еден ресторан и едно училиште. Единственото ненаселено место е еден двор со големина на половина тениско игралиште.

Santa Cruz del IsloteПовеќето жители работат на друго место, како риболовци или на околните острови, а туризмот е главниот извор на пари. Нема доктор, нема место за гробишта, а електрична енергија има само околу 5 часа на ден бидејќи има само еден генератор.

Покрај тоа, нема вода за пиење или канализација. Колумбиската морнарица доставува одредена количина на вода за пиење на секои три недели. Но, и покрај сето ова, жителите го опишуваат животот тука како тивок и мирен. Можеби е пренаселено, но според нив сепак претставува рај на земјата.

2Никој не ги заклучува вратите и децата се однесуваат невообичаено добро, со оглед на тоа што сите што ги знаат се само на неколку метри подалеку. Нема насилство, нема полиција, сите се знаат меѓусебно и уживаат во таквиот начин на живот.

6Овој живот е сосема спротивен на насилството карактеристично за Колумбија, каде што се води децениска војна за дрогата помеѓу владата и паравоените групи.

Поддржете ја нашата работа: