Според теоријата на тектонски поместувања, нашите континенти се разместуваат со брзина од неколку сантиметри годишно.

Ова разместување иако сега изгледа небитно за период од 250.000.000 години ќе биде фантастично.

„Кога ќе исчезнат Северниот Леден Океан и Карипското Море, ќе бидеме на патот кон создавање на нов суперконтинент“, вели доктор Рос Мичел, водач на студијата на тимот научници од Јејл и јапонската Агенција за морско-копнени науки и технологија кој ја истражува оваа теорија од пред неколку години.

„Јужна и Северна Америка ќе се сретнат со Евроазија практично кај Северниот Пол.“

Независно од нив, до истиот заклучок дошол и доктор Масаки Јошида, геолог од Јапонија, кој својот труд го објавил во списанието „Geology“.

Последниот суперконтинент Пангеја бил формиран пред околу 300 милиони години, а во неговиот центар била Африка.

Почнал да се расцепува на континентите кои постојат денес, а 100 милиони години подоцна настанал Атлантикот.

Истражувачите веруваат дека Пангеја е третиот или четвртиот суперконтинент во историјата на Земјата но никако со сигурност неможат да знаат како точно ќе изгледа земјата иако до сега се познати и прифатени 3 можни сценарија.
TheoriesIllustration-696x595Разликата помеѓу овие сценарија иако е огромна сепак на крајот сите се сложуваат дека континентите на земјата после 250 – 300 милиони години повторно ќе завршат како еден суперконтинент

Поддржете ја нашата работа: