Како музиката делува во формирањето на мозокот кај децата

Според една нова студија, слушањето музика ги зголемува врските помеѓу ткивото и мозокот кај децата, а тоа може да биде корисно при лекувањето на аутизам и АДХД пореметувањето.

„Веќе одамна е познато какво добро може да донесе музиката кога се работи за лечење на децата со вакви пореметувања“, – вели д-р Пилар Диес-Суарес, радиолог во болницата „Infantil de Mexico Federico Gomez“ во Мексико Сити. „Со помош на ваквите истражувања, можеме подобро да разбереме како се менува мозокот и како се појавуваат нови врски помеѓу мозочните влакна“ – додава тој.

Научниците проучувале 23 здрави деца на возраст од 5 до 6 години. Сите деца биле десничари кои не страдале од невролошки нарушувања и дефицит на внимание.

Учесниците во студијата биле изложени на проценка пред и после музичката настава со помош на „diffusion tensor imaging“ или „DTI“. „DTI“ е напредна техника за магнетна резонанца која идентификува микроструктурални промени во церебралната бела материја.

Церебралната бела маса се состои од нервни влакна наречен аксони. Тие се комуникациски кабли кои ги поврзуваат различните области на мозокот. „DTI“ ги мери екстрацелуларните молекули на водата покрај аксоните (мерењето се нарекува фракционална анизотропија или ФА). Кај здрава бела маса, правецот на екстрацелуларните молекули, обично е секогаш ист, а ФА е висока. Кога нивното движење е случајно, вредноста на ФА се намалува, што укажува на абнормалност.

Во текот на животот на децата, созревањето на мозочните врски помеѓу моторните, слушните и другите подрачја, им овозможува развој на когнитивните способности, вклучувајќи и музички вештини. Претходните истражувања ги поврзаа аутизмот и АДХД со намалување на обемот и врската помеѓу фронталниот лобус на мозокот. Послабите врски во фронталниот лобус, во подрачјето на мозокот во кој се одвиваат сложени когнитивни процеси, се биомаркер на овие пореметувања.

Децата девет месеци оделе на часови по музика и користеле „Boomwhackers“ перкусии. „DTI“ резултатите покажале зголемување на ФА и должината на аксонските влакна во различни области на мозокот, претежно во големиот мозок.

89038903„Кога децата имаат часови по музика, нивниот мозокот треба да изврши одредена задача”, вели д-р DДиес- Суарес. „Овие задачи вклучуваат аудитивни, моторни, когнитивни, емоционални и социјални вештини кои ги активираат различните делови од мозокот. Таквите резултати се добиваат заради потребата за создавање на повеќе врски меѓу двете хемисфери на мозокот. “

Научниците веруваат дека резултатите од оваа студија би можеле да помогнат во осмислување стратегии за третман на болести, како што се аутизмот и АДХД.

Поддржете ја нашата работа: