Како недостатокот на сон го намалува имунитетот?

Alarm clock in the middle of the night isolated on black concept for insomnia

Новата студија помага да се објасни зошто многу луѓе кои недоволно спиеле се разболуваат.

Истражувачите анализирале примероци на крв од 11 парови на идентични близнаци кои спиеле временски различно, и откриле дека близнакот кој спиел помалку имал послаб имунолошки систем за разлика од неговиот брат.

“Она што покажуваат резултатите е дека функцијата на имунолошкиот систем е најдобра кога ќе се наспиете доволно”, вели водечкиот автор на студијата Натаниел Вотсон.

Уникатната карактеристика на оваа студија е тоа што се инволвирани иднтични близнаци со цел да се контролира генетскиот фактор за времетраењето на спиењето. Истражувачите велат дека генетиката игра улога од 31 до 55 отсто од времето на спиење и другите фактори како животната средина.

Д-р Сина Гариб, ко-автор на студијата, објаснува дека податоците од лабораториската анализа на ограничениот сон за многу кратко време може да ги зголеми маркерите и да ги активира имунолошките клетки. Малку се знае за ефектите кои може да настанат како последица од недоволен сон во нормални услови.

“Оваа студија нуди уште еден доказ дека спиењето влијае на целокупното здравје и благосостојба, особено на имунолошкиот систем,” вели Вотсон.

Современото општество, користејќи ја сеприсутната технологија како резултат на безброј конкурентните интереси, манифестираат недоволно сон и му штетат на имунолошкото здравје.

Поддржете ја нашата работа: