Поради зачестените топлински бранови и раст на температурите како елементи на глобалното затоплување, во идната деценија може да се соочиме со намален воздушен сообраќај дури и за 30 отсто. Ова најмногу ќе ги погоди аеродромите во Дубаи и Њу Јорк, се вели во неодамна објавената студија.
Авиокомпаниите ќе бидат принудени да го намалат својот број на патници, количината на товарот или гориво поради сигурното полетување. Затоплувањето имено, ја намалува способноста на крилјата да направат подигање, објаснуваат американските експерти.
Постои очекување дека глобалната температура до 2100та ќе се зголеми за три степени Целзиусови. На авионската индустрија и се закануваат бранови од неподнослива топлина, стои во предупредувањето на експертите во студијата објавена во научното списание Climate Change.
Максималните годишни дневни температури на аеродромите до 2018та година би можеле да се зголемат помешу 7 и 14 степени, доведувајќи до откажување или одложување на летовите. Во најтоплите делови од денот, помеѓу 10 и 30 отсто од полните авиони би морале да го намалат товарот за да може авионот да полета. На пример, доколку авионот има 160 седишта, мора да исфрли дури 13 патници.
“Нашите резултати покажуваат дека намалувањето на тежината може да доведе до големи трошоци и зголемена цена на билетите”, вели Ethan Coffel, лидер на студијата и научник од Универзитетот Колумбија во Њу Јорк.
Во јуни оваа година пристигна веста за откажување на голем број на летови во Аризона поради екстремна топлина, а летовите на Блискиот Исток и во Јужна Америка ги одложувале своите распореди до подоцнежните вечерни часови со цел авионите полесно да полетуваат.



























