Ќе го реши ли оваа направа проблемот со несовесните возачи?

Компанијата од Њујорк “Ideas that stick” го направи овој изум, на кој се надеваат дека може да влијае врз несовесните возачи и го искорени непрописното паркирање.

Школка, „barnacle“ е новото име на направата и функционира на многу едноставен начин. Лесно со голем вакум се залепува за ветробранското стакло и возачот нема никаква прегледност, не може нормално да управува со возилото и да замине. Ниедна друга ваква направа не ги прави невнимателните возачи толку немоќни на вака едноставен начин како ова.

Школката има тастатура за која се добива шифра од кога ќе се плати казната, се внесува и може без проблем да се одстрани. Доколку се проба на сила да се одлепи школката што е невозможно со голи раце, се актива аларм. Возачот е должен да ја врати школката на полицијата или паркинг сервисот. Една школка чини околу 500 долари.

Во соработка со: Gostivarpress.mk

Поддржете ја нашата работа: