Кој го измислил чадорот и зошто во минатото го користеле само жени?

СПОДЕЛИ

Есента е годишно време кое вообичаено се карактеризира со врнежливи денови, поради што често се дружиме со чадорот. За некои од нас, чадорите се само алатка која помага да не накиснеме на дождот, за други пак тоа е важен моден додаток. Како и да е, има интересни факти врзани со чадорите кои сигурно не сте ги знаеле до сега.

-Во минатото чадор користеле само жени, затоа што бил симбол на женственоста. Во одредени периоди од човековата историја бил поврзуван со богатство, луксуз и висока мода. За мажите кои носеле чадори, се сметало дека се феминизирани. Тоа се променило некаде во средината на 18 век, откако чадор почнал да носи управник на католичка школа за превоспитување на блудници, кои постоеле во Ирска.

-Најпознатиот чадор на светот секако е магичниот чадор на Мери Попинс. Секој би сакал да има еден таков чадор, со кој може да се лета, како што тоа го прави енергичната необична англиска дадилка.

-Чадорите се измислени од Кинезите. Првичните биле направени од ткаенина и имале облик на купола. Благодарение на патот на свилата, чадорот од Кина стигнал до Кореја и Јапонија, а од таму и во другите делови на Азија и низ Европа.

-Чадорот штити од дожд, сонце, но постои и таков кој штити од куршуми. Направен бил по нарачка на бившиот француски претседател Никола Саркози. За него платил 10 илјади фунти, а бил изработен од материјали кои се користат за болидите за формула 1 и вселенските летала.

Во соработка со Gostivarpress.mk

Дискусија

Коментари