Научниците за прв пат успеале да откријат жив примерок од џиновски „бродски црв“.
Ова суштество, со лигава, сјајна црна кожа може да достигне должина до 1,5 метри и ширина од 6 сантиметри. Откриено е во калта на плитка лагуна на Филипини.
Деталите за ова суштество се опишани во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America (PNAS).
Иако за неговото постоење се знае веќе 200 години, благодарение на неговите фосилите, жив примерок од овој црв досега не бил испитуван.
Иако е се нарекуа „бродски црв“, по неговите роднини чија исхрана се состои главно од влажно дрво, ова животно всушност претставува вид на школка.
Според студијата, „овој редок и мистериозен вид“ е најдолгата жива школка што му е позната на човекот.
Бродскиот црв животот го поминува во цврст оклоп, како цевка од калциум карбонат што сам го излачува, со главата закопан во кал од која се исхранува. Цевката муслужи како „куќа“, кога ќе ја надрасне, црвот ја отвара на едниот крај, ја продолжува и пак ја запечатува.
Џиновскиот црв се храни преку една валвува во облик на Y, на едниот крај, а на другиот крај има два сифони преку кои ја усисува и исфрла водата.
Бидејќи заедно со цевката е закопан во калта, тој практично е неидлив за нуркачите. Но, овој пат истражувачите откриле десетина и една од нив отвориле.
Истражувањето покажало дека оваа школка е уникатна се само по својата големина, туку и по начинот на кој се исхранува од калта и морскиот седимент.Тие користат еден вид на бактерии кои живеат во нивниот оклоп, кои користат водороден сулфид од водата, како извор на енергија. Таа енергија потоа се користи за претворање на јаглерониот диоксид во хранливи материи за црвот.
Истражувачите наведуваат дека ова откритие многу ќе придонесе да се разјасни еволуцијата на симбиотичката врска помеѓу организмите кои зависат од сулфиди, со другите животни.
Погледнете го видеото