Ќе може ли во иднина да се предвиди мигрената?

Научниците од Општата болница во Бостон и Харвард Универзитетот, велат дека развиле нов модел за предвидување на неочекуваната главоболка и со тоа ќе им овозможат на пациентите превентивна терапија.

Направениот тест вклучува следење на нивото на стресот кој лицето го доживува тој ден пред да настане главоболка. Пациентите обично зборуваат за стресот кој го доживеале 24 часа пред да се појави главоболката. Некои луѓе имаат поголем ризик за да се здобијат со главоболка, но до сега тоа не можеше да се потврди со некоја голема сигурност.

“Оваа студија покажува дека е возможно претходно да се препознае појавата на главоболка кај лица кои страдаат од мигрена”, – вели Д-р. Тим Хоул. Бидејќи главоболките се непредвидливи, пациентите се често неспремни, односно чекаат да го земат лекот кога главоболката ќе стане со силен интензитет.

Мигрената не е само главоболка, таа доаѓа проследена со други симптоми, како на пример, заматен вид, чувствителност на светлина, звуци и мириси, слабост и често повраќање. Мигрената е шестта на листата болести кои оневозможуваат нормално функционирање во текот на денот. Голем број од луѓето кои страдаат од мигрена имаат напади еднаш или два пати месечно. Повеќе од 90 отсто од нив, тогаш не можат нормално да функционираат.

Научниците велат дека моделот ја користи фреквенцијата на стресните случувања или интензитетот на тие случувања при предвидување на појавата на напади. Иако поголемиот дел од учесниците во студијата го опишувале стресот како умерен и мал, стресот бил со најсилен интензитет еден ден пред појавата на главоболка.

Со цел овој модел да биде што попрецизен, потребни се уште истражувања пред да се премине на клиничка употреба.

Неврологот Стефани Вертрес, асистентка на Колеџот за медицина во Тексас, вели дека ова нема ефект кај секој или секојпат, но може да се покаже како начин за ублажување на мигрената. Се чини дека „замрзнувањето на мозокот“ и мигрената делат ист механизам на проток на крв. И двете го зголемуваат протокот на крв преку предната мозочна артерија.

Некои научници сметаат дека намалувањето на главоболката може да се постигне со сладолед или ладен пијалак, што на некој начин го регулира протокот на крв во мозокот кој е поврзан со мигрената.

Поддржете ја нашата работа: