Кинеската вселенска станица “Tiangong” се сруши над јужниот Пацифик

Кинеската вселенска станица Tiangong-1 влезе во Земјината атмосфера некаде над јужниот Пацифик и изгоре некаде помеѓу 08.11 и 09.33 часот по локално време, а најголемиот нејзин дел изгоре – се вели во краткото соопштение на кинеската вселенска агенција.

Американската вселенска контрола, која го следи движењето на сите вештачки објекти во Земјината орбита, потврди дека Тјанггонг-1 изгорела над јужниот дел на Пацификот. Кратко пред леталото да влезе во атмосферата, беше објавено дека се очекува тоа да се случи во близина на бразилското крајбрежје во јужниот Атлантик. Службен Пекинг во петокот објави дека е мала веројатноста големи парчиња да стигнат до Земјата.

Првата кинеска вселенска станица е лансирана во септември 2011 година. Нејзиното име Tiangong-1 значи „Небесна палата“. Долга е 10,4м. а широка 3,3 метри. Составена е од една експериментална лабораторија, сервисен модул и два соларни панела со димензии 3×7 метри.

Станицата беше дел од проект на Кина чија цел беше да постави постојана станица во орбиртата до 2023 година. Првично беше планирано станицата со својата работа да прекине во 2013 година, но нејзината мисија неколку пати беше продолжувана.

г

Поддржете ја нашата работа: