Дали можеме да создадеме вештачка гравитација?

Едно од најголемите прашања со кои се соочуваат долгорочните вселенски патувања е тоа колку деструктивен може да биде животот во услови на микрогравитација?

Британскиот астронаут Тим Пик изјави дека се чувствува како да се опоравува од најлошиот мамурлак, после шестмесечниот престој на Меѓународната вселенска станица (МВС), додека кожата на Скот Кели, астронаутот на НАСА е сѐ уште воспалена и после неколку месеци по неговото враќање дома.

Проблемите од долгиот престој во вселената се предизвикани од големата разлика во гравитационите сили кои можат драстично да ја намалат густината на коските кај астронаутите, како и да предизвикаат промени во метаболизмот и оштетување на црниот дроб.

Решението би било да се создадат истите услови како тие на Земјата и во внатрешноста на вселенското летало, за да не мора телото да се прилагодува на различните гравитациони сили. Сепак, како што се објаснува во видеото подолу, создавањето на вештачка гравитација – како што е прикажано  во филмот „2001: Одисеја  во вселената“ или Елисиум, е многу полесно да се каже отколку да се направи.

Во основа, идејата е дека ако вселенското летало се врти на правилен начин, центрифугалните сили ќе создадат вештачка гравитација во внатрешноста, со што ќе се оневозможи она познато лебдење на предметите.

Со вакво нешто НАСА експериментира од 1960-тите години, а во видеото е прикажано колку тоа изгледа извонредно. Зошто тогаш оваа технологија не се применува во долгорочните вселенски живеалишта како што е МВС?

Мошне едноставно – големината на леталото што е потребно да создаде доволно вештачка гравитација е огромна, а со тоа и трошоците би биле екстремно високи. Како што објаснуваат „Real Engineering“, „забрзувањето што телото би требало да го почувствува е директно пропорционално со брзината и радиусот на вселенската станица“, а кога ќе ги видите пресметките заклучокот е јасен.

На пример, за да се воспостават гравитациони услови исти како на Земјата на нешто со големина на МВС, тоа би требало да се ротира на секои 10 секунди, што не е пријатно за тие што живеат во внатрешноста – а да не го заборавме и факот дека гравитационите сили на нивните глави и нозе би биле различни.

Сепак, кога парите не би биле проблем и кога навистина би можеле да направиме нешто толку големо како Елисиум, дали тоа би функционирало?

Објаснувањето го дава видеото, но само ќе кажеме дека тоа воопшто не е невозможно, доколку на пример 500.000 идни екстремно богати вселенски туристи би посакале такво нешто.

Поддржете ја нашата работа: