Кинезите развиваат автомобил кој ќе може да се контролира со мислите

Додека ние трпеливо си чекаме целосно автономните автомобили да се пуштат во продажба за пошироката јавност, научниците од Кина смислија пофутуристички метод за контролирање на движењето на автомобилите. Со помош на специјална опрема за читање на мислите, со само неколку сконцентрирани мисли новите автомобили ќе може да се движат напред и назад.

За тоа е потребна специјална капа со 16 сензори кои ќе ги примаат ЕЕГ сигналите од мозокот на возачот, а потоа тие сигнали ќе се преведат во команди за возилото.

На научниците им биле потребни 2 години за да ја развијат оваа технологија, но не се знае дали и кога ќе се појави на пазарот. Во секој случај, ова за научниците претставува уште едно поле за истражување, со оглед на тоа што се движиме се’ подалеку од традиционалниот пристап на волан и педали.

Според тимот кој стои позади овој проект, возачите нема да мора да размислуваат исклучиво за контролирање на возилото додека возат, туку само повремено, кога на пример ќе менуваат брзина или лента. Нема да има механизам за вртење, што значи дека нема да може да се врти воланот лево или десно само со помош на мислите, но ќе можесо помош на концентрација да се отклучува и заклучува возилото.

Научниците истакнуваат дека првичната цел е да се овозможи метод на возење без користење на рацете и нозете, што би им овозможило на хендикепираните лица да возат, но истовремено и да им се овозможи на здравите лица поинтелектуализиран начин на возење. Дури и во ограничена форма, ова е уште еден неверојатен напредок на научниците кои работат во областа на контролирање на умот.

https://www.youtube.com/watch?v=6g-EPsKINyg

Поддржете ја нашата работа: