Од мај, пронајдени се вкупно 30 китови од кои 14 грбави, 11 перкасти, 1 сив и 4 неидентификувани, известува Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА). За споредба, минатата година биле пронајдени само 5 мртви китови.
Дополнително, 6 мртви китови се појавиле на брегот на Британска Колумбија и канадските власти целосно соработуваат со НОАА.
Повеќето китови не биле достапни бидејќи пловеле на површината на водата и биле во умерена до тешка фаза на распаѓање, па научниците успеале да стигнат до само еден примерок за тестирање.
Една теорија за смртта на китовите е цветањето на токсични алги предизвикано од водите во западниот брег кои се потопли од обично. Но, кога научниците го тестирале трупот, не се покажало присуство на токсинот. Сепак, трупот бил толку распаднат што резултатите не се веродостојни.
Научниците се многу загрижени бидејќи може да поминат месеци, па дури и години додека со сигурност дознаат која е причината за овој настан на необична смрт кај китовите.
Агенцијата објавила мапа која покажува каде се забележани китовите, и апелирала до јавноста веднаш да ги контактира доколку некаде некој забележи мртов кит.