Кое овошје им е најомилено на децата?

Една нова студија вели дека на децата најомилено овошје им е јаболкото. Дури дваесет проценти од децата конзумираат јаболка на возраст помеѓу 2 и 19 години, а следува сок од портокал, лимон и јаболко. Бананите се следното овошје кое децата го обожаваат и тие чинат 6,8 отсто од вкупниот внес на овошје.

Научниците пресметале дека децата јадат просечно 295 грама овошје, а пола од таа количина доаѓа баш од јаболкото. Јаболкото е најздрав облик на овошје бидејќи нема додатни шеќери ни масти, а содржи влакна.

Овошниот сок е втората најчеста форма на внес на овошје во организмот. Сто процентниот природен сок е навистина добар, но може да претставува проблем доколку е еднинствен начин на внес на овошје во организмот. Давањето на овошје на децата на рана возраст, може да ги поттикне да засакаат да го јадат и понатаму. Половина чаша сок дневно е добра, а остатокот треба да биде овошје.

Сувото овошје кај децата е на последно место, застапено само 0,6 отсто, додека популарно е кај децата на 2 до 5 годишна возраст. Суво овошје значи и поголем внес на калории. Експертите истакнуваат дека најважна е разновидноста. Доколку јадат само портокали и јаболка, охрабрете ги да јадат и други овошки.

Секое овошје има различни комбинации на хранливи материи во себе. За децата кои не јадат доста овошје, важно е родителите да им го направат полесно достапно. Доколку се научат да го јадат, најверојатно ќе го конзумираат и понатаму.

Може да се потрудите да му го исечете јаболкото на детето на парчиња, бидејќи децата поверојатно ќе посегнат по мали парчиња отколку по цело јаболко. Едно Холандско истражување од 2010 година вели дека децата повеќе сакаат да јадат овошје доколку им е презентирано на забавен и смешен начин.


Поддржете ја нашата работа: