Едно истражување покажа дека пиењето кафе може да спречи деменција. Постарите жени кои пијат повеќе кафе имаат помалку шанси да доживеат когнитивна попреченост, пишува во една студија објавена во списанието „The Journals of Gerontology“.
Истражувањето го следело конзумирањето на кофеин кај 6500 жени, со старосна граница помеѓу 65 и 80 години. Резултатите покажале дека кај оние кои конзумирале повеќе од 261 милиграми кофеин дневно, се појавува помала шанса за заболување од деменција.
Износот од 261 милиграми кофеин се наоѓа во 3 шолји кафе или 6 шолји црн чај, пишува „The Independent“.
„Она што е уникатно за оваа студија е тоа што имавме можност да ја испитаме врската помеѓу потрошувачката на кофеин и појавата на деменција кај голем број на жени”, вели водечкиот автор на студијата Ајра Дрискол, професор по психијатрија на Универзитетот во Висконсин-Милвоки за „Medical News Today“.
Во 35 години, четири пати повеќе оболени од деменција
Истражувањето се’ уште не е готово, и како што кажува проф. Дрискол, отворен е пат за нови дела.
„Не можеме да ја установиме директната врска помеѓу зголемениот внес на кофеин и пониската инциденца на когнитивната попреченост и деменција, но со новите истражувања можеме подобро да ја установиме неговата врска со позитивното влијание врз когнитивното здравје”, вели Дрискол.
Новото истражување исто така ќе помогне во спречување на деменција.
Поради фактот дека овие резултати не се темелат на цврсти докази, некои од научниците се оградуваат од теоријата „Што повеќе кофеин – тоа подобро”.
Научниците апелираат да се вклучат други луѓе во наредните истражувања во текот на следните 35 години, заради тоа што веќе споменатата група веќе е надвор од старосната граница.