Кои се најконтаминираните птици на планетава?

Нивната популација во таа област е стабилна, но нивниот црн дроб е контаминиран со хемикалии  кои ја нарушуваат репродукцијата и хормоните.

Производителите користеа полиброминирани дифенил етери („PBDEs“) во мебелот, електрониката и облеката за да ги направаат производите за домаќинство побезбедни. Хемикалиите беа остранети во раните 2000-дити години, но се’ уште може да се најдат траги во воздухот, земјата и луѓето.

Нил Басу, професор на Универзитетот Мекгил и главен автор на истражувањето, вели дека полиброминираните дифенил етери се насекаде. А белоглавите орли, како предатори, акумулираат високи нивоа преку синџирот на исхрана.

Научниците го тестирале ткивото на црниот дроб за најчестите 4 видови на полиброминирани дифенил етери, кај 33 мртви белоглави орли во периодот помеѓу 2009 и 2011 година. Само два од нив ги немале тие хемикалии во нивниот црн дроб.

Досега, се чини дека хемикалиите немаат негативно влијание на орлите, кои во здрава стапка се размножуваат, но научниците се загрижени за долгорочните последици бидејќи сметаат дека полиброминираните дифенил етери ќе бидат присутни во средината уште долго време.

Поддржете ја нашата работа: