И покрај различните причини и симптоматологија, кај најголемиот број мозочни заболувања постои ист ланец на молекуларни настани кој доведува до смрт на мозочните клетки.
Во овој процес, кој е наречен партанатос (според ензимот ПАРП и грчкиот бог на смртта), вклучени се протеини кои се разоруваат во ДНК-та на клетката.
Со новото истражување, научниците од Џон Хопкинс велат дека го комплетирале целиот процес партанатос. Истражувањето се надоврзува на претходните истражувања кои покажале дека протеинот наречен „AIF“ (apoptosis-inducing factor) игра улога во раскинувањето на геномот кој се наоѓа во јадрото на клетката. Истражувачите веруваат дека откако ќе го напушти своето вообичаено место во митохондриите, „AIF“ сам не учествува во сечењето на ДНК.
Со помош на мозочни клетки израснати во лабораторија, научниците тестирале 160 човечки протеини и откриле дека „AIF“ се врзува со протеинот наречен „MIF“ (macrophage migration inhibitory factor) и го носи во јадрото каде „MIF“ ја сече ДНК. Научниците сметаат дека тоа е последниот чекор од партанатос. Сепак, научниците истакнуваат дека оваа врска дефинитивно е потврдена само кај мозочниот удар, но убедени се дека се на вистинскиот пат. „Заинтересирани сме да откриеме дали „MIF“ е вклучен и во процесите при Алцхајмеровата, Паркинсоновата и другите невродегенаритивни болести“- вели Тед Досон, директор на Институтот за клеточен инженеринг на Универзитетот Џон Хопкинс.
Ова откритие отвора пат за развој на лекови кои го инхибираат „MIF“, со цел да се спречи, да се ослабе или да се стопира процесот. Истражувачите продолжуваат да работат на развој на хемиска супстанција која може да го блокира „MIF“, во лабораториски израснати клетки.
Извештајот од истражувањето е објавен во „Science“.