Брајант Вокер Смит, професор по право на Универзитетот во Јужна Каролина, се обидува да одговори. Тој е експерт за правни последици од само-управувачки автомобили. Смит гледа иднина во која овие возила ги елиминираат сообраќајните несреќи, ја трансформираат одговорноста и не тераат да размислиме за моменталните ризици на патот.
Тој вели:
„Луѓето ме прашуваат дали сум загрижен за само-управувачките автомобили. Да, но јас сум преплашен од денешните конвенционални автомобили”. Триесет илјади луѓе умираат секоја година на патиштата во САД, и над еден милион се повредени. Деведесет и четири проценти од несреќите се предизвикани од човечка грешка.
Со само-управувачките автомобили ќе се елиминира моменталното донесување одлуки. Наместо импулсивното реагирање на возачите зад воланот, тимови на дизајнери седат зад компјутери, предвидувајќи ги ситуациите со кои возилото треба да се справи. Одговорноста веројатно ќе се префрли на компаниите – производителите, дизајнерите и добавувачите на различни системи за возење. Тие најверојатно ќе бидат одговорни за поголем дел од (се надевам ретко) вкупните трошоци на несреќата.
„Со автоматизацијата, луѓето ќе бидат надвор од зоната, па ние треба да одлучиме каков вид на човечки ангажман може легално да се бара”.
Автомобилите ќе учат од искуство, со пренесување на огромна количина податоци од еден на друг и со текот на времето ќе станат колективно попаметни. Како и со мобилните телефони и интернетот, луѓето ќе ги прифатат придобивките од технологијата. Во иднина, ќе седнете во автомобилот и ќе кажете „Сакам да одам во добар ресторан”, без да се грижите каде ќе ве однесе. Ние се’ уште ќе бидеме ранливи, само на еден поинаков начин. Хакер може да го пробие целиот систем на возилото, да вметне погрешни мапи или да ја корумпира комуникацијата.
Сега се поставува прашањето, колку сме подготвени да ги прифатиме тие ризици со цел да се унапреди технологијата која потенцијално би можела да спаси многу животи?
40 проценти од смртните случаи од автомобилски несреќи се резултат на пијани или расеани возачи – две работи кои автономниот автомобил никогаш не може да ги направи.