Кој прв бара развод?

Оваа иста шема се рефлектира и во престанокот на врските. Исто така, жените се со поголема веројатност да го предвидат крајот.

 Зошто жените напуштаат?

Рубин, Пеплај и Хил (1981) сметаат дека мажите се заљубуваат побрзо отколку жените, а жените побрзо се „одљубуваат“ отколку мажите. Исто така, спротивно на стереотипите за жените како повеќе сентиментални, тие се всушност генерално повнимателни од мажите при стапување во романтични врски и побрзо излегуваат од проблематична заедница. Жените, исто така, имаат тенденција да бидат повеќе свесни за проблемите во односот. Покрај тоа, жените можат да бидат повеќе подготвени да се откажат од проблематичните односи и покрај силна емоционална инвестиција.

Мажите пак, имаат редуцирани намери за крај на романтична врска. Не само што можат да бидат помалку чувствителни на проблемите во врската или потолерантни на несогласувања, туку и потешко напуштаат, бидејќи тие се повеќе емоционално зависни од својот партнер. Емоционалната поддршка во романтичната заедница има тенденција да биде асиметрична – жените даваат поголема поддршка отколку што добиваат. Како резултат на тоа, мажите се почесто од жените известуваат дека нивниот партнер им е главен извор на емоционална поддршка (Меклинток 2014). Покрај тоа, нормите на машкоста допринесуваат мажот да не сака да се довери на семејството или пријателите по раскинувањето. Се блокираат и остануваат во т.н. социјална изолација.

Кој преболува побрзо?

Жените се со поголема веројатност да стават крај на бракот отколку мажите, бидејќи разводот е почесто во нивен најдобар интерес. Иако жените обично повеќе страдаат и по разводот се бележи пад на животниот стандард, тие се’ уште можат да имаат корист од напуштањето на несреќен брак. Мажите уживаат поголеми бенефиции во бракот, па така и загубата е поголема. Слично на тоа, жените во романтичните врски пријавиле поголема емоционална болка отколку мажите; оваа разлика станува поголема за парови кои остануваат заедно. Спротивно на тоа, кај оние парови кои се растураат, жените пријавиле помалку емоционален стрес отколку мажите, без оглед на тоа кој партнер иницирал разделба. Што е уште поважно, жените кои се решаваат за напуштање имаат помалку емоционален стрес, од оние кои не се решаваат.

Можеби асиметричната природа на емоционалната поддршка во романтични рамки е клучна за емоционалната добросостојба на жените. Освен тоа, жените подобро се справуваат со отфрлање, па без оглед дали оставаат или се оставени, полесно „преџвакуваат“.

Се препорачува правична поделба на емоционалниот ангажман во романтичните врски, со што би се зголемил квалитетот и стабилноста на врската. И на крајот на краиштата, доколку крајот е неизбежен, двајцата партнери би биле повеќе подготвени.

Поддржете ја нашата работа: