Во студијата која е спроведена од страна на научници од Ново Мексико, Државниот институт од Лас Крускес, се тестирани 11 видови репеленти против комарци. Истражувањето е објавено во списанието Journal of Insect Science. Во студијата се покажало дека спрејовите кои во себе содржат DEET или масло од лимон и еукалиптус се најрелевантни за одвраќање на здодевните инсекти кои можат да бидат и носители на разни заразни болести.
Експертите велат дека многу производи кои се продаваат на пазарот воопшто не се научно тестирани. Со цел да докажат дали репелентите се ефикасни, научниците им поставиле мамци на комарците, односно ангажирале волонтери кои ги заштитувале од нивните убоди.
Експериментот е извршен на видот на комарец Aedes aegypti. Со помош на вентилатор мирисот на лицето репелентот се ширел до местата во кои се наоѓале комарци.
После 15 минути научниците одредувале колку комарци се населиле во одделот кој се наоѓал до најблиската мамка. Три производи најмалку влијаеле врз инсектите: ракавица со етерично масло од здравец, апарат кој брмчи како инсект и свеќа од цитронела есенцијално масло, која дури и ги привлекувала комарците. Кога свеќата ќе се запали, се испушта јаглерод диоксид кој можеби ги привлекувал комарците.
Волонтерот на себе носел или не наоѓал блиску до репелентот кој се тестирал, а научниците го мереле во проценти бројот на комарци кој им се приближувал. На оддалеченост од еден метар, лицето кое немало заштита привлекло 89 проценти од комарците, спреј OFF! (metoflurthin) 27%, Cutter спреј со лимонски еукалиптус 30%, Ben’s спреј (DEET) 34%, Kids Herbal спреј (масло од citronelle) 60%.