Нов паметен гаџет за заштита од комарци

Веројатно сте слушнале дека комарецот и официјално е најсмртоносното животно на светот. Комарците, кои со крвта што ја цицаат се преносители на бактерии и вируси од еден човек на друг, се причина за најголем број од смртните случаи што се поврзани со животните.

Само маларијата е причина за повеќе од половина од смртните случаи поврзани со комарците, главно во суб-сахарска Африка, иако бројот е во опаѓање. Затоа, комарците се доста голем проблем кој не е лесен за решавање.

Инсектицидите и репелентите донекаде помагаат против убоди, но швајцарскиот научник Курт Стол смета дека конечниот одговор за борбата против овие летечки инсекти лежи во технологијата. Низ низа испитувања тој открил дека всушност комарците се чувствителни на електромагнетни бранови.

На крајот после долгогодишна работа, како резултат се појави паметна нараквица која го емитира природниот електромагнетен потпис на громотевицата. Комарците во случај на невреме бараат засолниште, што е посилен инстикт од оној за храна т.н. убоди на луѓе. Нараквицата Nopixgo ги емитира таквите електромагнетни бранови кои ги бркаат комарците од оној кој ја носи – тврди Стол.

Проектот се појави во Kickstarter каде што нараквицата може да се нарача по цена од 69 швајцарски франци. Уредот се полни со стандарден Micro USB кабел, батеријата се полни за околу еден час, и тоа и дава можност за користење од 3 до 7 дена. Кампањата трае уште еден месец.

Поддржете ја нашата работа: