Која е разликата помеѓу психолог и психијатар?

Сте го направиле најтешкиот чекор да признаете дека ви е потребна помош, без разлика дали станува збор за лекување на некоја ментална болест под сомнение или едноставно сакате да разговарате со некого за некои работи. Добро, што следи потоа? Дали да закажете средба со психолог или психијатар?

Овие два типа на медицински професионалци често се мешаат или ставаат во ист кош, но сепак тие имаат неколку разлики. Најзначајната разлика е дека психијатрите учеле медицинско школо, па со тоа може да ни препишат лекови, додека психолозите не можат.

„Психијатрите се доктори за менталното здравје кои завршуваат со својата медицинска обука со завршувањето на медицинското школо. Психолозите се доктори по филозофија кои го започнуваат своето клиничко стажирање по добивањето на својата диплома“- објаснува експертот за ментално здравје д-р Чарлс Рејсон.

Бидејќи медицината им е надвор од нивната област, психолозите се фокусираат на психотерапија, додека пак психијатрите може да користат медицински интервенции при дијагностицирањето на менталната болест.

„Психијатрите почесто ги лекуваат најтешко болните пациенти како што се оние со состојба на шизофренија или биполарно растројство, додека психолозите често се грижат за луѓето со помалку сериозни нарушувања во расположението и вознемиреност“- додава Рејсон.

На пример, во „Johns Hopkins Medicine“ психолозите се на располагање за советување на луѓе за време на тага или стрес и „за проценување или лечење на когнитивни и проблеми во однесувањето“, додека психијатрите во тој здравствен систем се наведени како доктори „кои третираат ментални здравствени проблеми“ и може да препишуваат лекови и да понудат советување.

therapist-vs-psychiatrist

Иако и двете професии работат во насока да им помогнат на луѓето и со рутински и со сериозни ментални проблеми, и иако комбинираната терапија на лекови и разговор понекогаш може дури да помогне и повеќе отколку само едното, овие две групи на професионалци имаат малку затегнати односи.

Според „Time“  психолозите и психијатрите се мразат меѓусебно. Вашата прва помисла може да биде поради еден вид на ривалство поради класата – со и без мединска диплома. Но, всушност, психијатрите се оние аутсајдерите –објаснува „Time“. Причините се историски – започнувајќи уште пред Фројд, психолозите имале огромна моќ над културната имагинација.

Целата идеја на психијатријата – експлицитниот хемиски третман, наместо третирањето на однесувањето и умот – не започнала се до индустриската ера, и долго време потоа тие не биле почитувани.

Овие две професии дури имаат и национални организации чии акроними се исти – „АПА“- но ниту Американската психијатриска асоцијација, ниту Американската психилошка асоцијација– не се откажуваат од скратената форма.

Поддржете ја нашата работа: