Колку е лесно да ги излажеме сетилата?

Војската ја користи виртуелната реалност со цел да го подобри квалитетот на обуката. Единствениот недостаток на оваа метода се сетилата, односно како да се излажат сетилата и да се движиме кога всушност се наоѓаме во една соба која е ограничена.

Институтот за креативни технологии на универзитетот во Јужна Калифорнија го истражува овој проблем за армијата во проектот наречен „пренасочено движење”.

Развивањето на овој софтвер значи повторување на експерименти кои се веќе спроведени во областа на психологијата. На пример, како визуелните сетила да доминираат над останатите сетила.

„Ако јас го ротирам светот околу вашата глава додека сте во виртуелната реалност, се додека ротацијата е доволно мала, вие всушност ќе верувате повеќе во она што го гледате, отколку во она што го чувствувате. Можете да се движите во крива линија или кружно, но сетилата ќе бидат убедени дека се движите во права линија. Ова потекнува од психологијата”, вели Еван Сума, водечкиот истражувач на проектот.

„Кога ќе можете навистина да се движите во виртуелната средина и кога ќе почнете да се чувствувате како дел од виртуелниот свет, искуството е неверојатно“, вели Сума.

Освен за обука, софтверот би се применил и на војници со пост-трауматски стрес.

Но сепак за повеќето од нас најинтересна е забавната страна на неговата примена.

Можете само да претпоставите што ќе се случи кога вашата куќа ќе се претвори во виртуелен свет без разлика дали ќе играте авантура, акциона или спортска игра.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt