Ненамерното голтање на пајаци додека спиеме е кошмар за оние кои се плашат од пајаци, но кога малку ќе размислиме и за оние кои не се плашат, овие факти се помалку непријатни.
Урбаните митови за бројот на пајаци кои ги голтаме во текот на ноќта варираа со текот на годините. Некои не уверуваа дека тие “оброци” всушност се доста ретки, додека други тврдеа дека проголтуваме до осум пајаци годишно.
За среќа, вистината е многу поинаква. Едноставно кажано, додека спиеме не голтаме ниту еден пајак.
Во минатото, човечкиот страв од пајаци во нивната соба резултирал со мит кој повлекол застрашувачки одговори.
Maybe just go to sleep. On average we eat 2 to 3 spiders a year while we sleep. Deze kan er ook wel bij. Extra proteinen. pic.twitter.com/YpqKhDDREt
— GURKO (@kappagurka) September 20, 2017
Ever wonder *how* you eat eight spiders a year? pic.twitter.com/KgjgDTwm6p
— Hoppers (@FrogAvalanche) November 16, 2017
Но, излегува дека пајаците многу повеќе се плашат од нашите усти одошто ние се плашиме од нив.
Овој мит едноставно ја игнорира човечката и пајаковата биологија. Пајаците се држат до подрачјата каде најлесно можат да уловат храна. Според тоа пајаците се држат подалеку од вашиот кревет, доколку таму нема бубачки.
“Пајаците нас не перципираат на ист начин како што перципираат некој голем камен. За нив, ние сме толку големи што практично не сме дел од теренот на кој тие газат.” вели Бил Шир, професор по биологија на колеџот Хампден-Сиднеј во Вирџинија и поранешен претседател на американското арапско општество.
Покрај тоа, пајаците во ниту еден случај нема да дојдат до нас бидејќи се плашат од отчукувањето на нашето срце до начинот на кој дишеме.
“Вибрациите се важен дел од чувствителниот универзум на пајаците. Нашата спална соба не е место на кое еден пајак ќе се доближи”, објаснува професорот.