Со се’ поголемиот развој на технологијата се чини дека нема нешто што компјутерите не можат да го направат. Сега, ќе можат да ја продолжат и работата на прочуениот холандски сликар што починал пред 300 години.
Неколку компјутерски компании, уметнички фондации и историчари на уметноста се вклучени во проектот преку кој, со помош на технологијата, се обидуваат да создадат уметнички слики кои се најблиску до вистинските ремек-дела на еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста – Рембрант.
По деталната анализа на веќе постоечките дела на сликарот, создадена е нова компјутерски генерирана слика, наречена „The Next Rembrandt“, или во превод „Следниот Рембрант“.
3Д печатената слика се состои од повеќе од 148 милиони пиксели и е заснована на 168.263 фрагменти од сликите на Рембрант.
Научниците истакнуваат дека се свесни дека ќе има и пофалби и критики за нивната работа, бидејќи Рембрант е уникатен и никој не може да го замени, но ова го гледаат како можност да се направи нешто ново од неговите дела и да се оддржи големиот мајстор во живот.