Комуникацијата помеѓу бактериите и габите

СПОДЕЛИ

Истражувачите на холандскиот Институт за Екологија (NIOO-KNAW) открија како бактерии и габи комуницираат едни со други со помош на мирис.

Најчестиот вид на мирис кој го користат микроорганизмите за комуникација се познати како “терпени”. Поради големиот број на микроорганизми во светот, научниците веруваат дека најчесто се користи “јазикот” на земјата, пренесува Independent. Терпенот е популарен “хемиски медиум” на нашата планета кој се користи за комуникација.

Истражувачите откриле и како растенијата разговараат, а не само дека пренесуваат сигнали. Откриени се фрагменти од терпени кои реагираат едни на други.

Бактеријата Serratia, може да ги намириса миризливите трепени кои ги произведува Fusarium, растителна патогена габа. Таа реагира како што станува подвижна и почнува да произведува свој сопствен трепен, објаснува истражувачот Паолина Гарбева.

– Веќе подолго време знаевме дека растенијата и инсектите комуницираат едни со други со помош на терпени – вели Гарбева, додавајќи дека дури сега откриена е поголема слика.

– Постои многу поголема група на “терпенски говорници” – микроорганизми, вели Гарбева.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------