Кондом на иднината – направен од трева

Кондом направен од трева, кој е тенок колку човечко влакно, можеби ќе стане најдоброто контрацептивно средство за најдобар секс.

Истражувачите од Институтот за биоинженеринг и нанотехнологија од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, екстрахирале наноцелулоза – лесна и цврста материја, од една домородна трева и ја искористиле како адитив во латексот. Се покажало дека наноцелулозата значително ги подобрила физичките својства на латексот.

Овој „кондом од трева“ е потенок, поцврст и пофлексибилен од стандардните кондоми.

За да дојдат до тревата, истражувачите работеле во партнерство со Абориџините, кои се традиционални сопственици на областа „Camooweal“ на североистокот од Квинсленд. Оваа локална заедница изработува разни продукти од тревата кои традиционално се користат како адхезив за лепење на главата од копјата со дрвената рачка.

Стандардните кондоми (од брендовите како Дурекс, Тројан, Лајфстајл, Кимоно и Краун) имаат дебелина на латексот која се движи од  0,049 милиметри до 0,121 милиметри. Истражувачите се надеваат дека овие „кондоми од трева“ ќе бидат за 30 проценти потенки, а ќе ги задржат потребните стандарди.

Истражувачите ја тестирале латекс формулата на стандардните тестови во САД за тоа колку волумен и притисок може да издржат. Во просек, овие кондоми биле за 20 проценти поиздржливи на притисок и за 40 проценти во волумен од контролната група кондоми од комерцијален латекс.

Ваквите кондоми може да направат разлика и во борбата против сексуално преносливите болести. Кондомите од ултра тенок и евтин материјал може дополнително да ги охрабрат луѓето да ги користат и да го спречат ширењето на ХИВ-СИДА. Кај возрасната популација постои тенденција за намалување на користењето на кондоми, бидејќи навидум го намалува задоволството, иако од сексуално преносливи инфекции може да бидат зафатени сите, на која било возраст.

Употребата на нанотехнологијата во производството на кондоми може да го направи сексот попријатен и за мажите и за жените.

Нанотехнологијата, потенцијално би можела во иднина да ја зголеми употребата на кондомите.

Поддржете ја нашата работа: