Дали е важна големината на кондомите?

safe sex message

Традиционалниот кондом им одговара и го користат повеќето од мажите, но едно неодамнешна анкета направена од страна на производителот на кондоми „Lucky Bloke“ која вклучувала 3.500 мажи од 28 земји, открила дека на околу 35% од мажите им е потребен помал кондом од стандардниот, додека на 15% им е потребен поголем, за да имаат подобар сексуален живот.

Едно истражување од 2009 година, спроведено од Институтот Кинси и Универзитетот во Кентаки, открило дека од вкупно 436 мажи речиси 45% имаат проблеми со кондомите, како на пример пукање или лизгање за време на секс.

Според „Космополитен“, повеќето кондоми се дизајнирани за пениси од 10 до 18 см. во ерекција. Доколку вашиот пенис е над или под овие граници, може да се случи да пукне или да се лизне за време на секс, па тогаш вие и вашата партнерка сте изложени на поголем ризик од сексуално преносливи болести или несакана бременост. Покрај тоа, кондомот со несоодветна големина може да ја прекине циркулацијата на крвта во пенисот и да ја попречува ерекцијата или оргазамот.

Затоа, една младинска здравствена клиника во Шведска, им нуди лента за мерење на младите мажи за да им помогне да си обезбедат контацептиви со вистинската големина и форма за својата машкост. Оваа клиника не е единствената која добила идеја за персонализирани кондоми. „My Size Condom“, „Condomadvisor.co.uk“ и „TheyFit“ ги нудат истите услуги. „TheyFit“ располага со дури 95 различни величини.

За да ја дознаете точната големина на пенисот,  треба да земете предвид три важни аспекти: должина, дијаметар и дебелина. Додека овие мерки може да се направат и дома со помош на линијар и конец, лентите за мерење кои може да ги преземете од интернет и да ги испечатите се многу попрактични и го олеснуваат процесот. Па, доколку не сте сигурни дали ја користите правилната големина на кондоми, можеби треба да се измерите. 

Поддржете ја нашата работа: