Конгресната библиотека во Вашингтон ја објави најголемата база на дигитални записи која од сега бесплатно ќе им биде достапна на сите.
Најстарата културна институција на САД им овозможува на крисниците пристап до 25 милиони документи од периодот од 1968 до 2014 година, кои до сега им беа достапни само на претплатниците.
Со отворање за јавноста, на научната заедница, статистичарите, аналитичарите и сите заинтересирани интелектуалци им даваме шанса да го прошират своето знаење, порачуваат од библиотеката.
Сите записи се достапни преку онлајн каталогот на Конгресната библиотека.



























