Континентите се појавиле многу порано отколку што мислевме

„Постојат се’ повеќе докази од се’ повеќе истражувања дека големите промени се случиле пред приближно 3 милијарди години и дека тектонските движења започнале тогаш, што е во согласност со појавата на континентите“, вели д-р Бруно Дајм, ко-автор на истражувањето.

 

Истражувачите ги анализирале податоците од претходните анализи на повеќе од 13 илјади примероци од карпи, притоа обрнувајќи особено внимание на хемијата и староста на карпите. Така, тие заклучиле дека овие делчиња од Земјината кора се појавиле пред приближно 3 милијарди години. Што се случувало пред тоа останува мистерија, а се’ уште се дискутира и за тоа како настанале континентите.

Истражувањето е објавено во „Nature Geoscience“.



Поддржете ја нашата работа: