Научниците докажаа: Накитот на Тутанкамон е создаден по дејство на надворешни сили!

Австралиски истражувачи решија загатка која повеќе од 100 години ги интригираше научниците. Тие докажале дека стаклото употребено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е создадено по удар од метеор пред околу 29 милиони години.

Резултатите од студијата се објавени во списанието “Геологија”.

Д-р Арон Кавоси од Центарот за вселенски и планетарни науки “Куртин” ги истражувал ситните честички на минералот циркон, откриени во жолтото стакло на накитот. Анализата покажала дека во овие честички има траги од реткиот минерал, Редит, што може да се создаде само кога метеор ќе удри во површината на Земјата.

“Ова е вечна тема за дискусија, дали стаклото е создадено при удат од метеор или при некаква експлозија во воздухот”, вели Кавоси, додавајќи дека само тие два процеси може да доведат до топење на минералите.

 “Сепак, само ударот на метерот создава ударни бранови што создаваат минерали за чие формирање е потребен и висок притисок. Откривањето на трагите на минералот Редит покажува дека стаклото е создадено како резултат на метеорски удар”, децидни се научниците.
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt