Космичка илузија или порака кај „PSR B1509-58“?

Пареидолија“ е психолошки феномен кога луѓето гледаат препознатливи форми во облаците, камењата или други неповрзани предмети или податоци. Постојат многу примери од овој феномен на Земјата и во вселената.

Кога опсерваторијата „Чандра“ на НАСА, во 2009-та година, објавила слика од „PSR B1509-58“- ротирачка неутронска ѕвезда опкружена од облак од енергетски честички, за брзо време добила популарност бидејќи многумина гледале структура во облик на рака во емисијата на х-зраци.

Во новата слика, х-зраците од „Чандра“ (со златно) се гледаат заедно со инфрацрвените податоци од телескопот „WISE“ на НАСА (со црвено, зелено и сино). Најверојатно пареидолијата повторно напаѓа, бидејќи некои луѓе велат дека гледаат форма на лице во инфрацрвените податоци. Што гледате вие?

Телескопот „NuSTAR“ на НАСА, исто така направил слика на неутронската ѕвезда во 2014 година користејќи х-зраци со поголема енергија од „Чандра“.

Неутронската ѕвезда „PSR B1509-58“ е околу 17 000 светлосни години оддалечена од Земјата.

Повеќе информации се достапни на: 

http://www.nasa.gov/mission_pages/WISE/main/index.html#.VE4TpiLF9oM

http://wise.ssl.berkeley.edu/

http://www.jpl.nasa.gov/wise/

Поддржете ја нашата работа: