Ви претставуваме еден прилично неверојатен трик. Што треба да направите? Најпрво, пуштете го видеото и зголемете го екранот. Потоа гледајте во малата зелена точка во центарот и обидете се да не трепкате премногу. Ќе видите навистина интересна оптичка илузија, а најдобриот дел е тоа што науката позади оваа излузија е уште поинтересна!
Значи, ако гледате во малата зелена точка доволно долго време, додека останатите бои ги гледате во вашата периферија, кога ќе ви се прикаже црно-бела фотографија не само што ќе гледате во боја, туку ќе ја гледате и оргиналната боја! Но, како е тоа возможно?
Овој феномен е познат како „after imaging“ и настанува кога трите конусовидни клетки во ретината полека се изморуваат поради изложеноста на премногу бои. Тие три конусовидни клетки се чувствителни на три различни бранови должини на светлината – сина, црвена и зелена. Кога ќе се изморат, тие повеќе не можат да испаќаат сигнали до мозокот за брановите должини на светлината која ја перципираат. Погледнете го видеото!
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























