Космички билијард

Астрономите, со помош на телескопот „Хабл“, беа сведоци на судирот на две големи грутки плазма исфрлени во вселената од супермасивна црна дупка која се наоѓа во центарот на шестата најсветла галаксија „NGC 3862“, која се наоѓа на оддалеченост од 260 милиони светлосни години од Земјата. Црната дупка ги исфрлила грутките плазма со 98% од брзината на светлината, при што едната се движела побрзо и се судрила со другата, при што споените грутки значително се осветлиле. Целиот тој процес наликувал на судирот на топчињата од билијард.

„Вакво нешто досега не е забележано во екстрагалактичен млаз“, вели д-р Ајлин Мејер од вселенскиот институт во Балтимор, САД. „Ова ќе ни овозможи многу ретка можност да видиме како кинетичката енергија од судирот се растура во радијација“.

Истражувачите ги набљудувале снимките од „Хабл“ од 1992 година, и го направиле овој филм од 4 слики од 1994 до 2014 година. Тие велат дека ваквиот судир ќе се одвива и понатаму што ќе им овозможи да продолжат да го набљудуваат и да научат нешто повеќе за овие мистериозни млазови.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.