Американската федерална агенција за животна средина (ЕПА) го обвини американско – италијанскиот коцерн Фиат Крајслер дека во моделите Џип Чероки и пик – ап автомобилите произведени помеѓу 2014 и 2016 година, инсталирал програми кои ги искривуваат резултатите од еколошките тестови и ги прикажуваат како еколошки прифатливи.
Се работи за повеќе од 100.000 дизел примероци кои создале многу повеќе издувни гасови отколку што било прикажано. Станува збор за истиот трик кој што го користеше германскиот Фолксфаген.
Синтија Гајлес, шеф на ЕПА вели дека ова е прекршување на законот, и може да доведе до опасно зголемување на загадувањето на воздухот кој го дишеме.
Проблем е тоа што автомобилите испуштале азотен оксид во атмосферата, во количина поголема од дозволената. Азотниот оксид е одговорен за многу проблеми со дишењето.
Фолксфаген во своите автомобили инсталираше софтвер кој на тестовите покажуваше помала количина на издувни гасови од реалните. Се работи за пола милион продадени модели само во САД.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























