Глобалното затоплување поради климатските промени до крајот на векот би можело да избрише 70% од кралските пингвини, доведувајќи ги до раб на истребување, предупредуваат научниците во студијата која е објавена во списанието „Nature Climate Change“.
Селин Ле Боек, еколог од Универзитет во Франција, една од авторите на споменатото истражување, пресметала дека околу 1,1 милиони парови кралски пингвини ќе бидат принудени да го напуштат актуелното место на парење, островите Crozet, Prince Edward и Kerguelen, и тоа во само неколку децении.
Причината за ваквите предвидувања се климатските промени кои влијаат на преместување на рибите и лигњите, од кои зависи исхраната на кралските пингвини, овие големи птици мораат да пливаат многу подалеку од досега за да пронајдат храна за својот потомок.
За поголемиот дел од пингвините времетраењето на летните излети на нивните родители во потрага по храна, наскоро би можело да биде долго до тој степен што младите пингвини би можеле да изумрат од глад – предупредуваат научниците.
Алтернативата во ваква ситуација за кралските пингвини е премногу болна – или ќе се размножуваат или ќе се прехрануваат.
Сите острови не се погодни за колонии од пингвини. “Познато е дека кралските пингвини се размножуваат само на специфични изолирани острови без ледена покривка и со лесен пристап до морето“, вели главниот автор на истражувањето, Робин Кристофари од Научниот центар во Монако.
Во областа на споменатите острови, пингвините успеваат да поминат дури 600 км. ловејќи риба во водите на Антарктикот, а многу од нив се враќаат гладни и навремено носејќи лов за прехрана на нивните младенчиња.
Активистите за заштита на животната средина предлагаат создавање на големо морско подрачје на Антарктикот кое би било заштитено. Идејата потекнува од Германија, а сега ја поддржуваат и другите земји членки на Европската Унија. Ако оваа идеја се оствари, сите животински видови на тоа подрачје од околу 1,8 милиони квадратни во кое ќе биде забранет риболовот, ќе бидат заштитени.
Предлогот ќе биде изнесен во октомври пред одборот на Конвенцијата за зачувување и заштита на антарктичкиот жив свет.